Нашиот пристап кон пациентите е во духот на семеен лекар со цел првенствено да се воспостави хуман однос помеѓу пациентот и докторот, а потоа високостручно дијагностицирање на болеста и нејзино успешно лечење. Успешно воспоставување на дијагноза на сите болести и нивно лекување се врши од страна на признаени и реномирани доктори, стручни и докажани во полето на медицината со кое се занимаваат, вредни медицински сестри и соработници притоа користејќи најсовремена медицинска опрема и средства. Поликлиниката е основана на 24 Април 2001 година, работи со пациенти со македонско и пациенти со странско здравствено осигурување.
Со почит, Др.Туџарова Др.Караџинов