Styletto

Совршенство во слушање, технологија и дизајн

Многумина од лицата кои имаат потреба од слушни помагала не сакаат да ги носат бидејќи едноставно не можат да ги замислат како дел од нивниот животен стил. Сега конечно може да привлечете нови и веќе постоечки клиенти од сите возрасни групи и да создадете задоволни носители на слушни помагала.
Styletto е многу повеќе од слушно помагало.Тоа е модел со револуционерен дизајн: прв SLIM-RIC во светот, односно тенок елегантен модел на слушен апарат од типот т.н. ресивер-во-каналот.

Модерната технологија го менува животот.

Многумина од лицата кои имаат потреба од слушни помагала не сакаат да ги носат бидејќи едноставно не можат да ги замислат како дел од нивниот животен стил. Сега конечно може да привлечете нови и веќе постоечки клиенти од сите возрасни групи и да создадете задоволни носители на слушни помагала.
Со поинаков начин на размислување ние пронајдовме решение кое создава сосема нова претстава за слушните помагала, модел кој спаѓа во групата на т.н. RIC, односно ресивер во ушниот канал. Styletto ги комбинира сите аудиолошки предности на нашата реномирана Signia Nx програма со стилски дизајнираниот облик.

Овој модел поседува најсовремени карактеристики како што се: енергетски ефикасен дизајн на чипот, литиум-јонски батерии, кои се полнат и најприроден звук. Сето тоа во префинет стил кој придонесува 8 од 10 лица да се одлучат за овој софистициран модел за разлика од стандардниот тип на слушни помагала.
Единствениот совршено дизајниран Styletto обезбедува веќе докажана предност кај купувачите. Достапен е во три комбинации на бои: темно сива со сребрена, бела со златна и темно сина со златна.
Практичноста на Styletto се состои и во тоа што овозможува далечинско управување односно контролирање со помош на мала направа наречена miniPocket.
Почувствувајте ја промената со Styletto.

Прочитајте повеќе

Закажете преглед