АКУС МЕДИКУС - Вашиот центар за слух и слушни апарати

Искусни доктори

Квалитетот на нашите докторите е нешто со што се гордееме. Тоа го потврдуваат и повеќе од 40.000 задоволни пациенти кои нѐ избрале нас.

Професионален и пријатен персонал

Секогаш Ве пречекуваме ведри и насмеани, а услугата е комплетна. Затоа никогаш нема да заминете незадоволни!

Закажување преглед за ист ден

Можете да се јавите истиот ден за да си закажете преглед. Секогаш имаме време за нашите пациенти.

Сервисен центар

Располагаме со обучени сервисери кои се тука доколку му се случи нешто на Вашиот слушен апарат. Затоа не секирајте се, ние ќе го решиме проблемот.

ПАТОТ КОН ВАШЕТО ПОДОБРО СЛУШАЊЕ НЕКА ЗАПОЧНЕ СО НАС.

ЗАКАЖЕТЕ ЈА ВАШАТА КОНСУЛТАЦИЈА СЕГА.

Работиме со Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ)

Нашата поликлиника има договор со фондот за здравствено осигурување. Работиме со сини и зелени картони. Издаваме слушни апарати со потврда. Завреките на потврдите за слушни апарати ги вршиме кај нас, така што нема повеќе потреба од одење по шалтери и чекање долги редици.

Медицински услуги кои Ви ги нудиме:

СЛУШНЕТЕ ГИ БОИТЕ НА ЗВУКОТ СО

НАЈМОДЕРНИТЕ СЛУШНИ АПАРАТИ

Во Акус Медикус можете да ги најдете најдобрите и најсофистицирани слушни апарати кои се достапни на светскиот пазар. Ги застапуваме светски реномираните брендови на Signia (поранешно Siemens) и Rexton, и затоа го имаме слушниот апарат кој е токму за Вас.

Слушни апарати за деца

Нудиме слушни апарати кои се наменети за деца од секаква возраст и кои ќе им овозможат непречено уживање во секојдневните активности со другарчињата и семејството.

Заштита на ушните и слухот

Изработуваме специјални анатомски оливи кои се максимално удобни и обликувани кон Вашето уво. Тие штитатод влез на вода со што спречуваат ушни инфекции, а и го намалуваат околниот звук до 30 dB за да го заштитат слухот.

Контролирање на слушните апарати преку паметни телефони

Имаме мобилна апликација преку која можете лесно, прецизно и во секое време да го подесувате вашиот слушен апарат без да го допирате.

Директен пренос на звук од мултимедијски уреди

Преку нашите слушни апарати можете директно да го слушате звукот од вашиот телефон, телевизор или друг Bluetooth опремен уред во вашето уво, без притоа да ви се меша звукот со околината и буката.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ТИМОТ

ДОКТОРИ СО ОГРОМНО ИСКУСТВО

Во нашата поликлиника работат реномирани доктори од својата област кои бележат големо работно искуство и вештини со кои помогнале на преку 100.000 пациенти.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЀ

Закажете си термин

Пополнете доле со потребните информации и ќе Ве исконактираме во тек на работното време.

    ИЗДВОЈУВАМЕ

    ПЕРСОНАЛНИ ТАМПОНИ ЗА УШИ

    • Најефикасна заштита на увото од вода
    • Превенира оштета на слухот
    • Максимална удобност при носење

    02/313-5524

    Закажете преглед

    пон-пет 08-20 ч.

    саб 08-12 ч.

    Онлајн

    продавница

    Бесплатен

    онлајн тест за слух