Интерна медицина

Се вели низ докторските разговори дека интерната медицина е „кралица на медицината“. Ова и не е далеку од вистината имајќи на ум дека сите внатрешни телесни болести ја засегаат нејзе: од еднокрините жлезди и хормони до работата на големите органи како срцето, белите дробови и црниот дроб.

Знаејќи дека болестите на срцето се на прво место за најчеста причина за смрт, задача на нашите лекари е да ги откријат овие ризик фактори или заболувања и да ги превенираат, односно лекуваат. Ваша задача како лица одговорни и свесни за сопственото здравје е да одите на преглед кај интернист и на редовни контроли. Мотото на модерната медицина е „to care, not to cure“ или со други зборови занчи да се превенира болеста, наместо потоа да се лечи.

Нашата ординација има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Р. Северна Македонија.

Нашата ординација има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Р. Македонија.

Нашиот тим од експерти интернисти-кардиолози – доктор Никола Ѓоргов, супспецијалист електрофизиолог, и доктор Дејан Крстевски се тука за да се грижат за Вашето здравје, а особено за вашето срце. Срцето е моторот на телото – грижете се за моторот за да може да Ве служи долго време.


Д-р Никола Ѓоргов

специјалист интернист-кардиолог, субспецијалист електрофизиолог

Од 1978 до 1980 обавува додипломски медицински студии на Државниот Универзитетот Вест Честер (West Chester University) во Вест Честер, Пенсилванија, САД. Во 1996 специјализација по Интерна медицина и кардиологија, Медицински факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија. Го одбранува својот докторат во 2002 год на Медицински факултет, Универзитет Св. “Кирил и Методиј“, Скопје, Македонија. Во 2004 прави супспецијализација по кардиологија со електрофизиологија (Програма за акредитација спроведена во согласност со промените на ЕУ во медицинската пракса), Медицински факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија.
Тој е член на многу здруженија и организации меѓу кои и: Македонската Асоцијација за Хипертензија, European Heart Rhythm Association (EHRA), Working Group on Arrhythmias (WGА) of the the European Society of Cardiology (ESC), Европското здружение за кардиологија(European Society of Cardiology -FESC), почесен член на Друштвото за срцев ритам (порано познато како Северноамериканско здружение за чекорење и електрофизиологија – North American Society of Pacing and Electrophysiology(NASPE) и член на Работните групи за срцева аритмија и срцева електрофизиологија на Македонското здружение за кардиологија.

Д-р Дејан Крстевски

специјалист интернист-кардиолог

Неговото резиме изобилува со работно искуство и со обемство на вештини. Има работено 2000-2001 г. во Ноќна Служба на Здравствен Дом Скопје, 2001-2008 г. во Итна Медицинска Помош, Здравствен Дом Скопје, 2008-2011 г. во Ординација по Интерна медицина, Здравствен Дом Скопје, 2011-2017 г. во Ординација по Интерна медицина и Кардиологија, ПЗУ Медика Плус Скопје, 2017-2019г. во Специјална болница за хируршки болести Жан Митрев Клиник Скопје и од 2019 г.  е во Ординацијта по Интерна медицина и Кардиологија,  ПЗУ Акус Медикус Скопје. Техниките и методите кои ги изведува се трансторакална ехокардиографија, доплер ехотомографија на каротидни артерии, на периферни артерии и вени, на абдомен и на штитна жлезда, потоа коронарен стрес тест, 24 ч. ЕКГ Холтер мониторинг, 24 ч. АБП Холтер мониторинг, спирометрија и полисомнографија.
Член е на повеќе интернационални светски и национални здруженија како: МЗК - Македонско здружение по кардиологија,  ESC - Европско здружение по кардиологија, EHFA - Европска асоцијација за срцева болест, EHRA - Европска асоцијација за срцев ритам и ACCA- Асоцијација за акутна срцева нега.

Ние Ви нудиме мноштво на неинвазивни тестови од областа на интерната медицина со кардиологијата.

КАРДИОЛОШКИ ПАКЕТ
преглед + ЕКГ + ЕХО на срце + доплер на крвни садови
за само 3.000 ден.

Електрокардиограм – EKГ

Електрокардиограмот или скратено ЕКГ е еден од наједноставните и најбрзите тестови што се користат за проценка на срцевата функција. За да се изврши овој тест електродите се ставаат на одредени места на градите, рацете и нозете и се поврзуваат со ЕКГ машина. Електричната активност на срцето потоа се мери, толкува и печати. Природните електрични импулси ги координираат контракциите на различните делови на срцето. ЕКГ ги запишува овие импулси за да покаже колку брзо чука срцето, во каков ритам и ја одредува јачината и времето на електричните импулси додека се движат низ различните делови на срцето. Промените на ЕКГ можат да бидат знак за многу состојби поврзани со срцето.

Холтер за крвен притисок

Високиот крвен притисок е премногу важен ризик фактор кој влијае врз работата на сите органи: мозокот, срцето, бубрезите и др. Ова е честа состојба кај луѓето која се зголемува во честота со возраста. Заради сето ова, од огромно значење е дда се открие оваа состојба и да се третира на време за да се избегнат несаканите последици. Холтерот за крвен притисок претставува континуирано 24 часовно следење и мониторинг на крвниот притисок. Утврдувањето на типот на хипертензија од која што страда пациентот е клучно за негово понатамошно успешно лекување.

ЕКГ холтер

Холтер мониторот е пренослив уред кој служи за континуирано следење на електричната активност на срцето, најчесто во период од 24 часа. Со ова се обезбедува подетален увид во срцевата работа и нарушувањата на срцевиот ритам.

Коронарен стрес тест

Стрес тестот покажува како срцето работи за време на физичка активност. Всушност тоа е индиректна проценка на состојбата на крвните садови кои го исхрануваат срцето. Бидејќи вежбањето ја забрзува и засилува срцевата работа, стрес тестот може да открие проблеми со протокот на крв низ срцевите крвни садови. Овој тест вклучува одење на лента за трчање при што се следи срцевиот ритам, крвниот притисок и дишењето. Вашиот лекар може да препорача стрес тест ако имате симптоми на коронарна артериска болест или неправилен ритам на срцето, а ние ќе го изведеме.

Спирометрија

Спирометријата ја покажува функцијата и го мери капацитетот на белите дробови. Според телесната површина, возраста и полот се одредува кој е идеалниот капацитет и функција на белиот дроб. Потоа Вие преку максимално вдишување и издишување ќе добиете податок за капацитетот на вашиот бел дроб и дали отстапува од нормалното. Преку спирометријата се покажуваат и дијагностицираат болести како астма, хроничен бронхит, емфизем, ХОББ и други опструктивни болести, а исто така се покажуваат и рестриктивните болести како фиброза, пневмонија и др.

Тилт тест

Овој едноставен тест служи за одредување на влијанието на промената на телесната положба врз срцевата работа. Се користи за евалуација на пациенти кои страдаат од ненадејна загуба на свеста.

Техничка контрола на срцеви електронски имплантабилни справи

Техничка контрола на пејсмејкери, имплантабилен кардиовертер дефибрилатор и справи за срцева ресинхронизација произведени од фирмата Abbott / St Jude Medical.

Цени на услугите

Преглед со ЕКГ
1.800,00 ден.
Преглед со спирометрија
1.800,00 ден.
Преглед со ултразвук / ЕХО на абдомен
1.800,00 ден.
Холтер за притисок/ритам
1.800,00/2.000,00 ден.
Стрес тест
2.000,00 ден.

Работно време на ординацијата по интерна медицина

Понеделник
14:00 - 20:00
Вторник
08:00 - 16:00
Среда
14:00 - 20:00
Четврток
08:00 - 16:00
Петок
08:00 - 16:00
Сабота
09:00 - 12:00

02/313-5524

Закажете преглед

пон-пет 08-20 ч.

саб 08-12 ч.

Онлајн

продавница

Бесплатен

онлајн тест за слух